ПЕРО КОСТАДИНОВ И МОНИКА ЗАЈКОВА НЕ МУ ДАДОА ПОДДРШКА НА ТУПАНЧЕВСКИ

0
641

Потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов, и претседателката на коалициониот партнер ЛДП вечерва дадоа резервирани изјави во дебатниот магазин „24 Анализа“ околу можноста да биде променет министерот за правда Никола Тупанчевски. Неофицијални извори укажуваат дека ресорот за правда СДСМ ќе и го даде на Алијанса, со цел да бидат задоволени нивните аспирации за влез во власта.

„Можам да имам лични перцепции, најбитно е сите министри во своите ресори да бидеме на висина на задачата и да се работи исклучиво во инетерес на граѓаните. Не сме сите компетентни да го даваме своето мислење, а најдобро мислење на крајот го дава јавноста за тоа кој најдобро се грижи за нивните интереси“, искоментира Костадинов за тоа како ја оценува работата на Тупанчевски и за тоа дали треба да биде заменет со кандидат од Алијанса. Поконкретна во својот коментар беше Зајкова, која порача дека се очекува повеќе во делот на реформите во кои ќе се бара одговорност од судииите.

„Реформите во правосудниот систем не се на некое завидно ниво, а со мали чекори можевме да ги направиме. Не навлегувам во персонални решенија, но ресорот како ресор има многу работа и има многу што да се работи – од Судскиот совет, судската администрација, одговорност на судии итн. Да детектираме кои се тие судии и обвинители кои се подложни на корупција и не си ја вршат својата работа“, рече Зајкова. На ова портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, одговори дека кој и да го превземе ова министерство нема да има време да спроведува реформи затоа што има уште малку време до парламентарните избори.