ПА ДАЛИ СЕ НОРМАЛНИ?! КОЗАРОТ МИЛЕНКО СО 3.000 ЕВРА МЕСЕЧНО ЌЕ ГО СПАСУВАЛ ФК ВАРДАР?!

0
1487

Во оваа наша држава се е можно па така и во фудбалот може да се видат секакви ликови на високи и раководни функции. Но најновата „бомба„ за која се зборува низ фудбалските кулоари е таа дека за брзо време познатиот козар Миленко Неделковски ќе биде назначен за „кмет“ на ФК Вардар. Наводно тој имал идеи, луѓе и визии како да го врати фудбалскиот клуб ВАрдар на шампионските патеки.

Тешко на клубот, фудбалерите и бројните навивачи ако спасител е еден козар кој по сите неуспеси во животот сега треба да спасува фудбалски бренд како ФК Вардар.

Миленко и фудбал е само математика за парички, криминал и неуспех. Тој ги користи своите конекции во ВМРО ДПМНЕ и својата поддршка кон нив ја условива токму со проектот ФК Вардар. Но клубот сега е во приватна сопственост, некој поседува акции и имот и не е познато како тоа некој ќе му го даде клубот на Миленкота…

Дали тоа ќе го направи градоначалничката Данела Арсовска која е блиска со фудбалското крило од Ѓорче Петров на чело со Драги Книга. Миленко и тоа крило се во долгогодишна љубов а ги врзува тоа што сите тие со години беа и уште се послушници и слуги на бегалецот Никола Груевски.

Ајде да е Миленко „ачик“ за оваа работа, па ајде и некој да си рече „добро е Миленко го презима Вардар“. Па тој бре сите можни проекти вклучивајќи го и самиот Вардар своевремено, „му еба мамата“. Почни од Цигланата во Кичево, па преку ФК Скопје, ФК Брегалница Делчево, Фк Вардар, „идеш за Канаду“ скандалот со визите, за кои лежеше во затвор.

Да биде трагедијата поголема, Миленко има листа на барања кои според него му следуваат затоа што се вели е „заслужен за народ и за Вардар“. Плата од 3000 евра, службено возило и лична секретарка бидејќи како што јавноста е добро запознаена од неговите емисии во последно време, жените секогаш му била заштитен знак.

Убедливо најголем успех во фудбалот е тоа што ја искодоши ФК Победа во УЕФА и со тоа го сотре фудбалот во најфудбалскиот град во земјава. Ете тоа е Миленко спасителот на Вардар (алиас Козар).