ПАРТИСКИОТ ПОДМЛАДОК НА ВМРО-ДПМНЕ СЕ УМИСЛИЈА ДЕКА СЕ ОД СТУДЕНТСКИ ОТПОР

0
419

Студентското здружение „Студентски отпор“ реагира на информации објавени во дел од медиумите дека имале средба со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Од таму велат дека ниту биле ниту некогаш ќе одат на средба со опозициската партија. Велат дека на средбата присуствувале членови од Унијата на млади сили на партијата, кои, пак, подоцна испратиле соопштение до јавноста дека се од „Студентски отпор“.
„Денеска во јавноста на интернет портали блиски до политичката партија ВМРО – ДПМНЕ произлезе вест дека претставници на студентската организација Студентски Отпор оствариле средба со пратенци на ВМРО – ДПМНЕ во однос на нивниот предлог закон за субвенциониран студентски оброк.

ЈАВНОСТА ЈА ИНФОРМИРАМЕ ДЕКА ОВА Е САМО ЕДЕН ПАТЕТИЧЕН ОБИД ДА СЕ ДИСКРЕДИТИРА И ПАРТИСКИ ДА СЕ ОБОИ ДВИЖЕЊЕТО СТУДЕНТСКИ ОТПОР!
Луѓето што присуствуваа на таа средба НЕ СЕ НАШИ ЧЛЕНОВИ, туку се членови на партискиот подмладок на ВМРО – ДПМНЕ, односно УМС.
Студентски отпор во ниту еден случај не би седнал на иста маса со претставници од партијата која најмногу придонесе за уништување на студентскиот стандард во Македонија со енормна корупција и непотизам по универзитетите во Македонија.
Нема да дозволиме борбата за подобар студентски стандард партиски да се обои од страна на една од најкриминогените партии во Македонија, а и пошироко“, соопштија од Студентски отпор.

Како што информираа претходно од опозициските медиуми на средбата меѓу студентите и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ станало збор за субвенционираниот студентски оброк, и дека студентите не се согласуваат да се зголеми од 120 на 140 денари. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ им ветиле дека ќе поднесат амандмани за измени во законот со кој не на 140 туку ќе бараат студентскиот оброк да се зголеми на 160 денари.