ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА ВЛАДАТА, АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ, МУЦУНСКИ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ, АЦО НИКОЛОВСКИ ЗА ТРАНСПОРТ, ЈАНУШЕВ ЗА ОДБРАНА

0
787

Поранешниот технички министер за внатрешни работи Панче Тошковски ќе биде генерален секретар на Владата што ќе ја предводи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пишува ТВ21, кој тврди дека неофицијалниот псисок на владини членови е веќе објавен.
Министер за внатрешни работи треба да биде Александар Јанев, кадар на ВМРО-ДПМНЕ од техничката влада во 2020, кога беше началник на Одделот за сузбивање на сериозен и организиран криминал.

Министер за одбрана – Игор Јанушев,
Министер за внатрешни работи – Александар Јанев,
Министер за правда – „ЗНАМ“,
Министер за заедници – Љупчо Димовски,
Министер за надворешни работи и трговија – Тимчо Муцунски
Министер за економски прашања – Алтернатива
Министер за финансии – Гордана Димитриевска
Министер за економија и труд – Бесар Дурмиши
Министер за енергетика – Сања Божиновска
Министер за земјоделство – Цветан Трипуновски
Министер за здравство – Арбен Таравари
Министер за образование и наука – Весна Јаневска
Министер за социјална политика – Фатмир Лимани
Министер за транспорт – Александар Николовски
Министер за екологија – Изет Меџити
Министер за спорт – Борко Ристевски.