ПАНОВА : ТАЛАТ ЏАФЕРИ Е ЧОВЕК КОЈ НЕ ГИ ПОЧИТУВА ПРАВНИТЕ НОРМИ И ПРАКТИКУВА САМОВОЛИЕ, ТАКВОТО ОДНЕСУВАЊЕ ОД СОБРАНИЕТО ЌЕ ГО ПРЕФРЛИ ВО ВЛАДАТА

0
164

За тоа каков е Талат Џафери говори и тоа што го видовме денес. Прво рече не му е важно со какво возило ќе се вози, за по кратко време со автомобил да оди на плоштад за да пие кафе, рече Ели Панова, пратеник во Собранието и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната емисија Заспиј ако можеш што се емитува на телевизија Алфа.

Панова посочи дека за ДУИ карактеристика е аздисаноста на таа партија и оти нивното однесување не е изненадување.

„Од нив може да се види само кршење на закони, на Устав, на сите правни норми. Од ДУИ само тоа го знаат и ништо повеќе. Оттука не можеме да очекуваме ништо поинаку и сега од Талат Џафери кој е сега премиер“, рече Панова.

Панова укажа дека кога ќе се спомене името на Талат Џафери на сите им паѓа на памет 27 април, денот кога тој беше избран за претседател.

„За тоа нема запис, сите знаме каков беше изборот за претседател на Собранието. Тој фрли 35 илјади амандмани во контејнер кога опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ се обиде да го блокира законот за јазиците. Неговото раководење на Собранието помина и во знакот на тоа како погрдно викаше по вработените во Собранието. Потоа има бројни закони со европско знаменце, ако апсолутно не беа на нив да биде тоа знаменце, истото беше само злоупотребено. На крај си направи извештај за својата работа од 250 страни“, посочи Панова.

Според Панова, кога се зборува за Талат Џафери може да се каже заклучи дека тоа е човек кој не ги почитува правните норми и практикува самоволие.

„Сега се очекува тоа од Собранието да се префрли во Владата“, кажа Панова.
Панова укажа дека ДУИ е таа која управува со државата.

„Сакал или не да признае Димитар Ковечевски тој кога беше премиер многу е јасно кој беше, кој е главен, тоа е ДУИ, не СДС. Од тоа изгуби многу македонскиот народ“, рече Панова.