ОСМАНИ : ВНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИ ВО УСТАВОТ Е СОЗРЕВАЊЕ НА ПРОЦЕСОТ

0
614

Министерот за надворешни работи Бујар Османи оцени дека внесувањето на Бугарите во Уставот е созревање на процесот и оти тоа е најдоброто решение, но дека тоа не можеме да го направиме пред почетокот на преговорите со Европската Унија.

– Тоа е најдоброто вин-вин во оваа дебата. Сепак тоа не можеме да го направиме пред почетокот на преговорите со ЕУ. Ако нема решение скоро, мислам се помалку енергија и политички капитал за да се преземе одговорност и да се влезе храбро, додаде шефот на македонската дипломатија, рече Османи во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Османи изрази стравување дека после оваа шанса, ќе има се помалку политички капитал, енергија, храброст од било кој политичар за решавање на спорот со Бугарија.

Според него, ќе се чека од Европската Унија да каже што понатаму бидејќи ние сме направиле се што сме можеле и не можеле.

– Целиот свет знае што ние направивме, така да топката веќе не е во наша половина, вели Османи.