Орав и Бејли во ДИПЛОМАТСКА ОФАНЗИВА, се сретнаа со Заев и Тачи: НЕВОЗМОЖНИ СЕ ИЗБОРИ НА 5 ЈУНИ БЕЗ ОПОЗИЦИЈА!

0
1397
Роковите се стеснуваат, дипломатскиот притисок се зголемува. Амбасадорскиот двоец Аиво Орав и Џес Бејли, од денеска на билатерлани средби со лидерската черворка и нивните тимови – ги маркираат црвените линии на партиите и можните решенија за во наредните денови да се направи терен за седнување на маса на лидерската четворка, брифираат за 24 вести дипломатски извори.
Средбите со Орав и Бејли ги потврдија од ДПА и од СДСМ, од ВМРО и ДПМНЕ и ДУИ не коментираат. Преговорите во свои раце ги превземаат со погоелм интензитет меѓународните претставници откако иницијативата на Ахмети минатата недела  за компромис, не успеа.
Дека се подготвува терен за лидерска средба, денеска најави и амбасадорот на САД во земјава. Дипломатски извори за 24 вести велат партиите се многу креативни околу можното решение, но засега нема поместување кон компромис.
Свикување на Собранието кое би требало да ги одложи изборите на 5-ти јуни, да ја поништи аболицијата на Иванов, како и да избере Влада од широка коалиција, која би била врзана за условен датум на избори. Односно коалицијата би требало да ги исполни сите услови за изборите, а датумот би бил кога тоа ќе се случи. На маса како што веќе објави 24 вести се и опцииите – поништување на изборите за 5-ти јуни, враќање на Владата на Груевски и Ахемти во функција и избори во редовниот термин во 2018-та, со тоа што иако ова би значело погребување на Пржинскиот договор, би се направил договор за СЈО и ДИК да продолжат со работа. Опција која е се поизвесно дека нема да се случи, според дипломатски извори е избори на 5 ти јуни, без опозиција.
Официјално денеска од партиите потписнички на Пржинскиот договор единствено СДСМ ги повтори своите услови за преговори, без да соопшти повече детали.
Од ДПА на Тачи, само кусо соопштија дека нивниот лидер и амбасадорскиот двоец разговарале за актуелната политичка состојба во земјава, додека од партиите на власт решија да молчат. И додека по Пржинскиот се чека нов анекс на договореното или пак комплетно нов договор, ДИК продолжува со техничкото организирање на изборите. Рокот за пријавување на челнови во избирачките одбори во дијаспората истече минатата недела Преставници пријавиле само ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, додека за во земјава истекува в четврток. Опозицијата најавува дека нема намера да предложи кандидати.
Рокот до кој треба да се се најде компромис е 11-ти мај, кога е и рокот за пријавување на кандидатски листи за закажаните избори на 5 јуни.


DUSICA BILATERALKI SO ORAV I BEJLI 03 05 by 24vesti