ЛДП: ДПМНЕ бесрамно го валка историското „ВМРО“

0
998

Предзнакот „ВМРО“ денеска е узурпиран од политички партии кои сакаат да ги присвојат само за себе придобивките на славната организација од минатото, иако немаат ништо заедничко со нејзините цели и традиции, оценува Либерално-демократската партија.

Партијата им го честита на граѓаните  23 Октомври – Денот на Mакедонската револуционерна борба и најавува дека по изборите на 11 декември, во новото Собрание ќе поднесат закон „за отстранување на четирите историски букви „ВМРО“ како предзнак на политичките партии и забрана за злоупотреба на ова име во насока на прибирање на политички, комерцијални и лични поени“.

„Никој нема право на монопол на овој дел од македонската историја ниту, пак, право да ги валка во пепелта на криминалот, корупцијата и на злоделата на оваа власт, чија партија го носи предзнакот „ВМРО“. Никола Груевски заедно со неговата осомничена и обвинета дружина за криминал и за изборни измами, немаат право да се кријат зад идеологијата, патриотизмот и зад овие четири букви кои се длабоко всадени во кодот на секој македонски граѓанин“, стои во соопштението на ЛДП.