ОПШТИНА ПРИЛЕП ДЕНЕС РЕГИСТРИРА 7 НОВИ СЛУЧАИ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД 19 ВИРУСОТ

0
905

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, среда 22 април:

  1. Денеска во општина Прилеп се регистрирани 7 нови случаи на лица заболени од КОВИД-19 и по еден случај во општините Долнени и Кривогаштани;
  2. На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 19 лица позитивни на коронавирус. Двајца од нив се на кислородна поддршка, останатите се со стабилна клиничка слика. Четири пациенти се сомнителни на коронавирус, земен им е брис и се чекаат резултати;
  3. Во самоизолација се наоѓаат 334 лица;
  4. Во текот на изминатото деноноќие, 3 лица не го почитувале полицискиот час, заради што ќе им биде поднесена соодветна пријава.

Денеска Општина Прилеп подели 15.000 бесплатни заштитни маски. Од нив, 10.000 маски им беа дистрибуирани на претседателите на Урбаните заедници, 3.000 маски на Здружението на пензионери, 500 на Здружението на инвалидски пензионери, а останатите им беа поделени на граѓаните кои беа затекнати пред банките, маркетите, Градскиот пазар и Старата чаршија.

НАДОПОЛНУВАЊЕ : По однос на информацијата за денешната состојба со коронавирусот, ве информираме дека покрај 7-те нови случаи во општина Прилеп, двајцата заболени од општините Долнени и Кривогаштани, се жители на населените места Заполжани и Боротино.

Со почит,

Општина Прилеп