ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА И КС СЕРВИС ДОО БИТОЛА ДОНИРААТ 50 ОРТОПЕДСКИ ПЕРНИЧИЊА НА ПАЦИЕНТКИ СО ПОСТ-МАСТЕКТОМИЈА

0
396

Во рамки на активностите за одбележување на октомври како месец посветен на подигање на свеста за ракот на дојка, денес во општина Кисела Вода се одржа средба меѓу градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Марија Кукуноска, директор за развој на КС- Сервис ДОО Битола и претставникот од истата компанија, Александра Војнески.

а овој работен состанок, на кој зедоа учество и Претседателот на Советот, како членови на Комисијата  за еднакви можности на Кисела Вода, беа договорени повеќе настани и активности за зголемување на свесноста и подобрување на разбирањето за ракот на дојка, како една од најчестите малигни заболувања кај жените.