ОПЕРАТОРОТ НА ЕЛЕКТРОПРЕНОСНИОТ СИСТЕМ МЕПСО Е ПОД САЈБЕР НАПАД И НЕ МОЖЕ ДА ГИ ДОСТАВУВА ПОТРЕБНИТЕ ИНФОРМАЦИИ ДО УЧЕСНИЦИТЕ ВО РАЗМЕНАТА И ПРОИЗВОДСТВО НА СТРУЈА

0
146

Како што соопшти денеска прес-тимот на МЕПСО, целосниот интегритет на електро-енергетската мрежа и снабдувањето со електрична енергија не се загрозени. Од МЕПСО истакнуваат дека критичната електронегетска инфраструктира не е предмет на нападот, безбедна е и целосно функционална.

– Во услови кога целиот свет се соочува со негативен глобален тренд на кибер напади и нашата компанија не остана имуна на тоа. Иако АД МЕПСО ги има превземено сите мерки за заштита од кибер напади од највисок степен сепак деновиве се соочивме со инциденти од тој вид. Имајќи предвид дека основната дејност на АД МЕПСО е пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем ја информираме јавноста дека крититичната електроенергетска инфраструктура е безбедна,  целосно функционална и не е предмет на овој кибер напад. Тоа значи дека целосниот интегритет на електро-енергетската мрежа и снабдувањето со електрична енергија не се загрозени, наведува МЕПСО во соопштение.

Оттаму велат дека инцидентот е пријавен кај сите надлежни институции согласно препораките и правилата за кибер безбедност.Од страна на нашите стручни служби се преземени сите мерки за ублажување на ефектите од овој кибер напад и во соработка со експерти  од областа работат на нормализирање на секојдневната работа на компанијата, се наведува во соопштението.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека овој хакерски напад трае три дена и дека се потрошени 5 милиони евра за сајбер одбрана на МЕПСО.

„Веќе 3 дена МЕПСО не функционира, без комуникација е со потрошувачите, но и со преносните опреатори со сите земји од Европа преку Swissgrid. МЕПСО е „слеп“ во моментот, функционира стихијно и без план како ќе се надмине овој проблем. Веројатно сопственикот на МЕПСО – Владата на Македонија ќе го реши овој проблем исто како што ги реши дојавите за бомби во училиштата, со игнорирање“, реагираат од таму.