ОНКОЛОГИЈА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР ШТО ГО ФАТИВМЕ, ОНКОЛОГИЈА МОЖЕБИ ИМА ВО ПОВЕЌЕ КЛИНИКИ, ВЕЛИ ТАРАВАРИ

0
69

Дигитализација, можеби и кодирање на сите лекови коишто ќе доаѓаат во Македонија, најавува новиот министер за здравство, Арбен Таравари.

-Меѓутоа дајте ми време да се консултирам и со ИТ инженери и со луѓе коишто се разбираат, ова има во држави каде што добрата дигитализација направила револуција и огромни заштеди во здравството. Ние се повикуваме нонстоп на борба против корупција и криминалот. Ќе инсистирам што поскоро да започнеме во Македонија да дигитализираме. Јавна тајна е дека некои луѓе ги земаат лековите со упат од матичен доктор ги носат во приватните аптеки и ги продаваат.

Онкологија е еден пример што го фативме, онкологија има можеби и во повеќе болници и клиники. Меѓутоа не сакам да имам предрасуди, сакам да поставиме стандарди за да спречуваме секаква злоупотреба. Ако еднаш пациентот се снимал со магнетна не смее по втор пат за шест месеци повторно да се направи, освен во одредени случаи кај што е неопходно, рече Таравари.

Тој денеска ја посети Клиничка болница Тетово, при што направи на состојбата на установата по невремето.

–Јас мислам дека една од нашите цели програмски цели е децентрализација, односно регионализација на здравството. Планираме четири клинички центри да функционираат во државата, еден од нив можеби и најбитна е тетовската клиничка болница. Јас добивам информации дека овде релативно добро е опремена со апарати, меѓутоа недостасуваат човечки ресурси.

Тие што се со договор, а имаме информации дека има огромен број на луѓе, вработени медицински работници коишто се со договор што поскоро треба да им се дадат решенија и да се вработат дополнително и да се планира долгорочно тие специјализации коишто се дефицитарни да ги планираме и како министерство и како медицински факултет заедно за да во следните години не се случува одредени одделенија да не функционира, рече Таравари.