(ВИДЕО) Премиерот Заев од Неготинско: Инвестициите во фотоволтаици, ветерници и гасификација продолжуваат со засилено темпо во сите региони, резултатите подобри од очекувањата

0
869

Претседателот на Владата, Зоран Заев на денешната промоција на првата најсовремена фотонапонска централа на „ЕВН Македонија“ во Неготинско – Војшанци, истакна дека еден од главните приоритети на Владата е подобар квалитет на животот на своите граѓани, со посебен акцент на инвестициите во енергетскиот сектор преку политики кои овозможуваат промоција на обновливите извори на енергија, како и унапредување на енергетската ефикасност.

Заедно со министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и претседателот на Управниот одбор на „ЕВН Македонија“, Штефан Петер, ја истакнаа важноста од еколошкото производство на електрична енергија. Овој успешно реализиран проект е во рамки на јавниот повик на Министерството за економија, за доделување на премии за електрична енергија произведена од фотонапонски централи на приватно земјиште.