ОД НОВАТА ВЛАДА НЕМА МИЛОСТ, СИТЕ ЌЕ ОДГОВАРААТ ПРЕД ЗАКОНОТ, НЕФИ УСЕИНИ ОД ДЕНЕС ВО ПРИТВОР

0
1110

Советникот на ДУИ во Општина Охрид, Нефи Усеини е во притвор. Сознанијата на Нова ТВ во текот на денешниот ден добија потврда и од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Нефи Усеини се појави во една од многуте аудио снимки на Јутјуб во предизборниот период во која Александар Николоски му вели на Миле Јанакиески „да не се чепкаат неговите згради во Далјан оти тоа било дел од договор за избори“. Ден по објава на снимениот материјал, Оштина Охрид започна со уривање на неговата бетонска база.

Неодамна, пак, полицијата поднесе кривични пријави против него и неговиот брат по пријавата за инцидент во еден хотел во Охрид. Според соопштението од СВР Охрид, двајцата беа осомничени како сторители на кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“.

Извор : НоваТВ