ОДГОВОРНОСТ ЗА СУДИИТЕ И ЗА ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА „КРВАВИОТ ЧЕТВРТОК“, БАРААТ ОД АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

0
458

Од Алијанса за Албанците, бараат одговорност од судиите кои ги прифатија жалбите на организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година, познат како „крвавиот четврток“. Поранешниот лидер на АА, Зијадин Села, беше еден од оние кои најмногу настрадаа од насилниците кои упаднаа во Собранието и кои им нанесоа повреди на пратениците на тогашната опозиција. Според АА поништувањето на пресудата поради пропусти и процесни прекршувања, кај нас е станато судска практика.

„По многубројните случаи каде пресудите беа поништени од истата причина и како резултат на тоа предметите застарија, последниот случај само ги потврдува сомнежите дека овие дејствија се намерни. Итно треба да се побара одговорност од судиите и другите можни виновници инволвирани во овие скандалозни акции. Во меѓувреме, политичките партии и другите релевантни фактори треба да седнат што е можно поскоро за да се започне процесот на ветинг и другите неопходни реформи во судството и обвинителството“, велат од Алијанса за Албанците.

Од партијата повикуваат организаторите да се казнат со најстроги казни.„Насилството од 27 април 2017 година во највисоката законодавна институција во државата е еден од најсериозните и најскандалозните настани од осамостојувањето на Северна Македонија, за дискредитирање и оцрнување на државата од режим. Таквите дела треба да ја добијат казната што ја заслужуваат за да не се повторат никогаш повеќе во иднина. Во спротивно, ваквите постапки на судовите претставуваат легитимирање и поттикнување на криминалот и тероризмот“, додаваат од АА.