ОДВРАТЕН ФЕЈСБУК СТАТУС НА ХРИСТИЈАН ХИДРО ЛОПОВ МИЦКОВСКИ : НАМЕСТО ДА СЕ ОГРАДИ ОД АПАШОТ ГРУЈО, МИЦКОВСКИ ЗАПОЧНА ДА ФРЛА ПО СДСМ СО ДРВА И КАМЕЊА, СИТЕ СЕ КРИВИ, МАРСОВЦИ, СДСМ, ЕУ, НАТО, МОСАД, ЗАЕВ, АМА НА КРАЈ ВМРО ЌЕ ПОБЕДЕЛА?!

0
2313

По потрагата од страна на МВР по екс премиерот Никола Груевски на својот фејсбук профил се огласи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски. Тој во својот фејсбук профил ја обвини СДСМ за тоа дека врши политички прогон против почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и екс премиер на Македонија, Никола Груевски и започна да плука по СДСМ спомнувајќи убиства, злосторнички здруженија и разни курци палци што беа својствени за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Во прилог ви го пренесуваме целиот шлакнат статус на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Хидро Лопов Мицковски :

  • Помина една година од убиството во Аеродром на младиот Мартин Јанушев, поминаа неколку месеци од убиството на младиот навивач Саздо и редица други убиства за кои сторителите се во бегство, а нивните лица не се знаат во јавноста.
    Немаше вакви спектакли како вечерва, а требаше да има, затоа што таму некаде, во некое ќоше или улица, вечерва шета осомничениот за одземање на човечки живот. А вие наместо да трагате по нив се занимавате со хајка, политичка хајка врз ВМРО-ДПМНЕ.
    Господа од власта кого залажувате и пред кого правите евтин театар сега кога на чиста правдина го посочувате прстот во ВМРО-ДПМНЕ дека наводно крие некого, лажно без аргументи?Ова не е само напад врз ВМРО-ДПМНЕ, ова е напад врз слободата, врз главната опозициска сила, врз критичката мисла, каква не познава модерна Европа и пошироко во Светот. Зарем лицето по кого со години водите политичка хајка, фрлате со дрва и камења и кого го третирате за државен непријател сакате да кажете дека не знаете каде се наоѓа? Како кога до вчера, исто како него, сите нас не следите, се заканувате, претите.Како водач на ВМРО-ДПМНЕ немам намера да се жалам и правдам, ниту да се прикажам за жртва, бидејќи јас чувствувам само мал дел од она што стотици, илјадници граѓани го чувствуваат секој ден. Велите дека сте победиле режим, а по што се разликувате од она што толку драматично го опишувавте дека сте се бореле против. Па вие сте тој режим и хунта која слободата ја ограничува.Приберете ги вашите партиски силеџии од СДСМ со полициска значка, нивниот срам е и ваш срам. Сакате да не понижите, да не прикажете за злосторничка дружина, за криминалци, ние кои ја кажуваме вистината. ВМРО-ДПМНЕ е и ќе остане да биде последниот бастион на слободата и критичката мисла. Тврдина на народот кој ја сака оваа земја. Можете да забраните да говориме, да забраните да дејствуваме, но не може да ни го забраните ВМРО затоа што тоа му служи на народот, а јас сум прв повикан да им служам и да ги чувам тие 4 свети букви.Македонија ќе победи. Колку повеќе ќе притискате толку повеќе ќе губите. Нема да не исплашите, ниту поколебате. И сега на крај, треба да знаете и дека вака ќе ве победиме, ќе паднете, затоа што љубовта кон нашата земја е посилна од вашата злоба, затоа што нема да ја покриете сиромаштијата која ја правите на народот, а грабежот на нацијата нема да биде заборавен. Ќе паднете! Македонија ќе победи! Да живее ВМРО-ДПМНЕ! Да живее Македонија!