ОВОЈ КО БОКИ 13-КА ШТО ПРАВЕШЕ ОТКАКО ОТКРИЈАА КАКО ЈА ОТВОРИЛ БОКИ ТВ ПА ПОТОА ФРЧЕА ЗАКАНИ ЗА ТУЖБИ ПО НОВИНАРИ И МЕДИУМИ : ОД ЖАН МИТРЕВ ПРЕКУ СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИ НАЈАВИЈА ПРАВНА ПОСТАПКА ПО ОБЈАВЕНАТА СТОРИЈА НА ИРЛ ,,НЕЧИСТА КРВ” ПОВРЗАНА СО ЕКСПЕРИМЕНТИРАЊЕ СО ХЕМОФИЛТРАЦИЈА ВРЗ ПАЦИЕНТИТЕ, ФАЛЦ ТИТУЛАТА АКАДЕМИК И СМРТНОСТА ВО КЛИНИКАТА

0
1162

Откако јавното обвинителство оформило предмет по допрен глас по документарната емисија „Нечиста крв“ објавена на ИРЛ, во која медиумот објавува дека клиниката „Жан Митрев“ вршела клиничка студија со методот на хемофилтрација без истиот да биде пријавен и одобрен од Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД од клиниката испратија соопштение на социјалните мрежи и до медиумите поврзано токму со оваа истражувачка сторија на ИРЛ каде покрај стравичните наоди на новинарите биле запрепастени од реакцијата на јавноста како и од самите медиуми па затоа ќе ги преземеле сите законски мерки како што се неосновани напади иако доктор Жан Митрев доби демант од страна на екс премиерот Љубчо Георгиевски поврзано со опремата во клиниката дека тоа е опрема доделена од државата во вредност на неколку тогашни илјади марки и демант од 3 државни институции за непријавен случај на повеќе смртоносни бактерии во клиниката во Ковид центарот.

Во прилог ви го пренесуваме траги комичното соопштение на клиниката ,,Жан Митрев”:

  • Имајќи во предвид дека деновиве во медиумите се објавени невистинити и наведувачки информации поврзани со работата на Клиничката болница Жан Митрев и Академик д-р Жан Митрев би сакале да ја известиме целокупната јавност, медиумите и нашите пациенти за следното:Клиничката болница Жан Митрев успешно работи за добробит на граѓаните веќе 22 години, нудејќи им услуги сертифицирани по светски стандарди, професионална грижa во насока на подобрување на здравјето, што е докажано во безброј успешни случаи. Ваквиот пристап продолжи да се применува и во текот на светската пандемија предизвикана од страна на вирусот КОВИД-19, во кој период клиниката со многу труд, волја и неизмерно себевложување од своите вработени придонесе за спасување на огромен број човечки животи.

Навистина сме згрозени од тенденциозниот говор на омраза употребен кон нашата институција, како и од неточните наводи, односно од фабрикуваните информации кои единствено се насочени кон креирање на лажна слика во пошироката јавност за работата на Клиничката болница Жан Митрев. Очигледно е дека овие лажни информации се креирани со намера за целосно искривување на фактите кои се однесуваат на долгогодишната успешна работа на Клиничката болница Жан Митрев, каде што работат повеќе од 400 стручни и професионални лица под раководство на д-р Жан Митрев.

Изнесените невистинити квалификации пласирани низ одредени медиуми деновиве се насочени кон намерно нарушување на честа и угледот на Клиничката болница и воопшто не кореспондираат со вистината. Истите се вознемирувачки и за нашите пациенти, целиот наш тим и нивните блиски кои посветено и чесно работат сите овие години. Ние како институција практикуваме исклучиво медицина базирана на докази. Од самиот почеток, но и во иднина ние бевме и ќе останеме професионални во вршењето на својата деловна активност и ќе продолжиме грижливо и стручно да им помагаме на нашите пациенти за целосно подобрување на нивното здравје.

Нашите следни чекори ќе бидат во насока на искористување на сите правни можности согласно законите, а со цел да се спречат овие и сите следни вакви и слични неосновани напади на нашата институција.