ОВИЕ ПА КОМУЊАРИТЕ НИТУ ЕДЕН СПОМЕНИК НЕ НАПРАВИЈА, САМО ТАМУ НЕКОИ ШКОЛИ, САЛИ, ГРАДИНКИ, БОЛНИЦИ, ВОДОВОДИ, ПАТИШТА, БРАНИ, ВЕТЕРНИЦИ, КАНАЛИЗАЦИИ, ПАРКОВИ, СОЦИЈАЛНИ СТАНОВИ, МОСТОВИ, КОЛЕКТОРИ…

0
1201

Со министерката за образование и наука, Мила Царовска, денеска извршивме увид во реконструкцијата на Гимназијата „Мирче Ацев“, како и во изградбата на спортската сала во ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“.

Преку проектот на МОН „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и реконструкција на средни и основни училишта“, се врши рехабилитација на прозорци, фасада, санитарии и подови во Гимназијата „Мирче Ацев“.

Во полн ек се градежните работи и на спортската сала во ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“, каде после 60 години од основањето на училиштето, учениците конечно ќе можат наставата по физичко образование да ја изведуваат во современа сала, опремена со сите неопходни спортски реквизити.

Заедно со министерката Царовска констатиравме дека сите основни и средни училишта во нашата општина се спремни за почеток на наставата со физичко присуство на учениците, со максимално запазување на сите мерки и протоколи пропишани од страна на Комисијата за заразни болести.

Фејсбук статус на градоначалникот на Прилеп,  Илија Јованоски.