Коце Трајановски бил бесен што не е кандидиран пак за градоначалник а тоа му било ветувано 4 години, дознава Мактел од политичко – новинарските кулоари.
Баш поради тие ветувања од Мицковски, Коце не беше дел од иницијативата за вонреден конгрес и застана позади Мицковски. Кога дознал пред неколку дена дека кандидат ќе биде Данела Арсовска блиска пријателка на Грујо, Коце побеснел!
Дошол во партиското седиште и се скарал со Мицковски, имало висок тон, Коце бил толку бесен што за малку била избегната и физичка пресметка. Овие информации засега се на ниво на шпекулација правиме обиди да ги провериме со луѓе во ВМРО ДПМНЕ.
На човекот не му било јасно зошто се оди со каприц желби на Груевски наместо да се следат анкетите на кои тој водел пред сите можни кандидати на ВМРО ДПМНЕ.
Инаку многу е интересно како ВМРО ДПМНЕ како десничарска партија заговара семејни вредности а нивната кандидатка за Скопје ниту е мажена ниту има деца а има 41 година. Интересно е што исто така таа се преставува како бизнисменка а никој не знае со каков бизнис се бави?!?!