ОВА ЌЕ БЕШЕ ТОЧНО АКО НАМЕСТО СКОПЈЕ 2014-ТА ВЛОЖЕВТЕ 1 МИЛИЈАРДА ВО ХИДРОЦЕНТРАЛИ – МИЦКОСКИ : АКО ПРАВИЛНО МЕНАЏИРА ВЛАСТА, ВЕ УБЕДУВАМ ДЕКА ДРЖАВАВА НЕМА ДА БИДЕ УВОЗНО ЗАВИСНА ОД СТРУЈА

0
657

„Јас најодговорно тврдам дека ако вистински се менаџира енергетскиот систем дека Македонија нема да биде увозно зависна од електрична енергија. Зошто? Затоа што ако се направи на време план за модернизација на производните капацитетите како што постоеше пред 6,7,8,10 години во РЕК Битола, Осломеј или ако пак се продолжи со модернизација на хидро капацитетите односно електраните кои што од вода произведуваат струја, вклучително и сите оние проекти коишто се од приватна иницијатива, вклучително и капацитетот на термоелектрана или позната во јавноста како ТЕ-ТО Скопје, Македонија нема да биде увозно зависна од струја“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Отворено студио“.

„Доколку ја имате вие оперативна РЕК Битола, трите блока модернизирани како што беше планот, ако имате доволни количини откриен јаглен, доволно количини ископан јаглен и одложен на греда, подготвен за горење во технолошкиот процес на РЕК Битола кој што потоа ќе произведува струја, тие можат комотно да произведуваат околу 600 мегавати. Еве нема да одам понатаму иако според планот беше да произведуваат 232,5 мегавати по блок, еве по 200 мегавати сигурно тие можат да произведуваат“, заклучи Мицкоски.

Претседателот посочи дека Осломеј во оваа кондиција ваков што е, со овој потенцијал со кој што располага може да произведува од 80 до 100 мегавати. Но, тој би се задржал на 80 мегавати. Иако денеска ако се погледне билансот на МЕПСО може да се воочи дека не произведува повеќе од 70-тина мегавати. Правилното менаџирање на хидро потенцијалот може да даде дополнителна моќност и да обезбеди помеѓу 250 и 350 мегавати.

„Ако тука се стави производниот капацитет кој што не знам од кои причини денеска не е во функција, кој што има 30-тина мегавати инсталиран капацитет плус енергетика која што исто така има од прилика 20-тина до 30-тина мегавати, ако на тоа се додаде ТЕЦ Неготино со двата котли од 160 мегавати и капацитетот ТЕ-ТО од 200 мегавати плус производните капацитети од сонце или фотоволтаиците, ветерните електрани, био маса, био гас, малите централи, хидро и така натаму, ние можеме самите да го задоволиме нашето енергетско портфолио и воопшто нема да ни е потребно да увезуваме електрична енергија. Нешто на кое што ние предупредувавме уште пред година дена дека е возможно да се случи во Македонија како сценарио доколку правилно се менаџира ресурсите. Но, за жал од Владата не ги менаџираа правилно ресурсите и затоа се случува да МЕПСО и ЕЛЕМ од фирми кои што книжеа огромни профити во минатото, денеска ни се најголеми загубари“, заклучи Мицкоски.