ОВА СМЕ ГО ЧИТАЛЕ И СЛУШАЛЕ НАСЕКАДЕ НИЗ ЗЕМЈАВА, ПОСЕБНО ПО ТВИТЕР И ФЕЈСБУК : ,,УБИСТВА СЕ ПОТРЕБНИ, ЌЕ ЈА СРУШИМЕ СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА” ПИШУВАЛО ВО ЗАКАНАТА ЗА БОМБА ВО КУМАНОВО

0
509

„Жал ни е за тоа што невини луѓе мораат да страдаат“; „Нашите очи се вперени на премиерот на Северна Македонија и неговата партија“, се дел од заканите во пораката.Закани дека ќе бидат убиени невини луѓе, но и дека ќе биде срушена „северномакедонската влада“, може да се прочитаат во содржината на електронската порака со дојава за бомба која утрово пристигнала во девет основни и едно средно училиште во Куманово.

Содржината ја објави порталот „Кумановски муабети“ и во неа директно се споменуваат премиерот и неговата партија.„Нема да се криеме. Убиства се потребни. Ние ќе убиеме. Потребно е уништување. Ние ќе уништиме. Жал ни е за тоа што невини луѓе мораат да страдаат. Не постои друг начин. Ќе ја срушиме северномакедонската влада. Нашите очи се вперени на премиерот на Северна Македонија и неговата партија. Ќе ги убиеме сите“,стои во електронската порака што ја објави „Кумановски муабети“.

Од објавеното може да се види дека пораката е испратена од електронската адреса [email protected], а нејзиниот наслов бил „Експлозивен уред е поставен во училиштето“.Текстот на „Кумановски муабети“ и фотографија од пораката можете да погледнете ТУКА.Советот за координација на разузнавачките служби ќе ја разгледува ситуацијата со дојавите за бомби, најави Спасовски