ОВА Е ТАА ПУТИНИСТИЧКА ‘ДЕМОКРАТИЈА’ ПРОТИВ КОЈА ЦЕЛ СВЕТ СЕ БОРИ : РУСКИОТ ОПОЗИЦИСКИ ЛИДЕР АЛЕКСЕЈ НАВАЛНИ ПОЧИНА ВО ЗАТВОР

0
268

Алексеј Навални се чувствувал лошо и нанадејно загубил свест по утринската прошетка, е се што засега открија руските власти, по шокантната вест дека најистакнатиот опозициски лидер и најостар критичар на Путин починал во затворот каде отслужуваше 19-годишна затворска казна. Неговата смрт ја потврдиле затворските служби во казнената колонија Јамало – Ненец во рускиот арктичкиот регион две илјади километри од Москва. Му била направена реанимација, но само била констатирана смрт.

Кремљ само кусо соопшти дека претседателот Путин е известен за случајот и дека се утврдуваат сите околности за смртта на Навални, додека од западниот свет стигнуваат жестоки реакции кои без исклучок го посочуваат рускиот режим дека е одговорен за смртта на 47-годишниот опозиционер, кој последен пат се појави на рочиште вчера кога насмеан им отпоздравуваше на камерите.

По вокација адвдокат, беше познат по бројните истраги за корупција, остар критичар на војната во Украина и организатор на серија масовни антивладини протести. Беше отруен, според тврдењата со нервен отров новичок и падна во кома. Се лекуваше во Берлин, а по враќањето пред три години експресно беше уапсен на аеродромот.

Обвинуван, затворан и осудуван за дузина дела, последен пат лани за корупција и за финансирање екстремистичка организација кога доби 19 години затвор. Путин тогаш прашан од странки медиум одби да гарантира дека осуденикот ќе преживее во затвор.

.-За мене тој е само еден граѓанин на Руската федерација кој е осуден од руски суд и се наоѓа во затвор. Такви има многу. Тој нема да има полош третман од кој било друг. Никој не може да има ексклузивен третман. Тоа би било погрешно. Сите треба да се во рамноправна позиција, изјави Владимир Путин, претседател на Русија (15.06.2021)

Смртта на Навални се случува на точно еден месец до претседателските избори во Русија, на кои Путин повторно е несомнен фаворит. Европската Унија денеска го обвин Кремљ дека сноси единствена одговорност за смртта на Навални. Германскиот канцелар Шолц изјави дека активистот својата храброст ја платил со својот живот.