ОБИД ЗА АТЕНТАТ ВРЗ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА АРАЧИНОВО : ТЕШКО РАНЕТИ СЕ НЕГОВИОТ ВОЗАЧ И БОДИГАРД

0
194

Повредени се најмалку две лица кои биле во придружба на градоначалникот односно биле дел од обезбедувањето. Ранетите се префрлен во Ургентниот центар.

Кон Арачиново се движат силни полициски единици за обезбедување на местото и увид, а на  местото на злосторот реагирале и екипи на Итна помош.Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски за МИА потврди дека во престрелката е погоден возачот на градоначалникот, а пукано е и кон уште едно лице вработено во општината. Припадници на полицијата се на терен и вршат увид.

 Повредениот е донесен во Ургентниот центар во Скопје.Директорот на Клиниката за Торакална хирургија во скопскиот Клинички Центар, Неџати Јакупи за телевизија Телма изјави дека во Клиниката е донесено момче на околу 30-годишна возраст со прострелни рани на градниот кош.

-Раните се за итна операција, поради што веќе влегуваме во сала, изјави Јакупи