ОБВИНИТЕЛОТ ЉУБЕН ЛАПЕ : ЌЕ ИМ ЈА ЗАПЛЕНИМЕ ПАРТИСКАТА ЗГРАДА И УШТЕ 63 ПАРТИСКИ СЕДИШТА, ЌЕ ИМ ДОЗВОЛИМЕ ДА СИ ГИ ИЗНЕСАТ МАСИТЕ И СТОЛОВИТЕ

0
1087

Денес со судска одлука се конфискува партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ познато како „Белата палата“. Ова денеска го посочи судијката Даниела Алексовска-Стојановска, по објавата на пресудата за случајот „Талир 2“, со која поранешниот премиер Никола Греуевски е осуден на казна затвор од 6 години, а Кирил Божиновски беше осуден на условна казна.

Судијката истакна дека покрај партиското седиште, се конфискува и имот на партијата распослан низ државата, односно во градовите Берово, Велес, Струмиц, Кавадарци, Кисела Вода, Охрид, Пробиштип, Лозово, Кочани, Струга, Нов Дојран, Неготино, Петровец, Богданци, Градско, Македонска Каменица, Новаци.

Овој имот беше со години замрзнат по барање на Обвинителството, односно вкупно 68 недвижнини.

Во изјава за МИА обвинителот Љубен Лапе изјави дека откако ќе се заплени партиската зграда на ВМРО-ДПМНЕ како и уште партиските седишта на 63 партиски седишта ќе им дозволи на луѓето од опозициската партија да си ги изнесат масите, столовите и друг инвентар.