НОВИОТ ЦЕНТАР ЗА ДНЕВЕН ПРЕСТОЈ НА ДЕЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ВО СТРУМИЦА ДЕНЕС ОФИЦИЈАЛНО ЗАПОЧНА СО РАБОТА

0
381
Претседателката на Форум на жени на СДСМ и министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска: Новиот Центар за дневен престој на деца со попреченост во Струмица денес официјално започна со работа!

Центарот е наменет за вкупно 44 корисници – деца со попреченост од 3 до 14 години.
24 деца, ќе можат да ги користат услугите за дневен престој, а останатите ќе имаат можност за индивидуален третман. Активностите во дневниот престој и индивидуалните третмани ќе ги спроведуваат тим од 10 вработени, составен од стручен персонал и негуватели.

Инклузијата и поддршката на родителите на деца со попреченост се еден од клучните темели на социјалната реформа.