НОВА СЕЗОНА НОВИ ПОБЕДИ НА ЕКИПИТЕ НА ,,МЛАДОСТ96″

0
323

Викендов со натпреварите од првото коло во Супер лигата за мажи и Прва лига за жени почна новата сезона од пингпонгарското првенство на Македонија,каде екипата на Младост96 ја брани шампионската титула во машка конкуренција.

Во Скопје во СЦ Јане Сандански ,пингпонгарите остварија победа над минатогодишниот финалист Телеком Нец 2 со убедливи 4-0. Екипата ја сочинуваа Ѓорѓе Борчиќ кој имаше две победи,Стомнароски и Лашкоски со по една победа,додека резерви на овој натпревар беа Александар Рикалоски и Лука Огненоски.

Победата е огромен успех ако се знае дека оваа сезона Младост96 настапува ослабен без Петар Костовски,кој својата кариера ја продолжи во САД,каде настапува за екипата на Атланта.

Негова замена оваа сезона ќе биди Фатих Карабаџаку од Косово кој на овој натпревар не беше присутен,бидеќи се наоѓа на турнир во Финска.На располагање го имаме и нашинецот во Шведска Раиф Рустемовски. Женската екипа на Младост96 засилена со играчот од Косово Шега Хашани,како и со Васе Богоеска и Камелија Стојческа исто така имаше убедлив старт и победа над градскиот ривал Младост победуваќи со 4-2.Хашани имаше две победи исто колку и Васе Богоеска.

Наредниот викенд се натпреварите од второто и третото коло. Женската екипа своите натпревари од наредните две кола ќе ги игра во Прилеп во сабота.додека машката екипа ќе игра во СЦ Јане Сандански,во недела.