НИТУ ДЕНАР ОД БУЏЕТОТ НЕ Е ПОТРОШЕН ЗА МОИТЕ ОБЈАВИ – ПРЕМИЕРОТ ОДГОВОРИ НА НАВОДИТЕ ДЕКА СЕ ДАДЕНИ 26.000 ЕВРА ЗА ПИ-АР

0
458

Буџетски средства за ова не се користени, туку со оглед на тоа дека се работи за спроведување на социјалдемократски политики, тоа се прави во рамките на мојот тим којшто е надвор од Владата, а вработените во Секторот за комуникации коишто работат на подготовка или на изработка на видеа немаат ниту еден час прекувремено, изјави Ковачевски на денешната владина пресконференција.
Ниту еден денар потрошен за комуникацијата на мојот профил на социјалните мрежи не е од буџетски средства, ниту пак некој вработен во Секторот за комуникации на Владата бил ангажиран прекувремено за да ја сработува таа комуникација, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање околу трошоците за објави на неговите профили на социјалните мрежи.

– Буџетски средства за ова не се користени, туку со оглед на тоа дека се работи за спроведување на социјалдемократски политики, тоа се прави во рамките на мојот тим којшто е надвор од Владата, а вработените во Секторот за комуникации коишто работат на подготовка или на изработка на видеа немаат ниту еден час прекувремено. Она што се работи како комуникација сè е во рамки на работното време – рече Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата.Тој потенцира дека е важна е транспарентноста и во овој случај се е транспарентно со цел граѓаните да бидат информирани за тоа што работат избраните и именувани функционери во однос на прашањата што ги засегаат, а изборот е дали тоа ќе се направи преку билборди, соопштенија или видеа и одредени други мултимедијални презентации на социјалните медиуми.

– Доколку граѓаните не го сакаат таквиот начин на комуникација секако дека тие тоа ќе го искажат во моментот кога за тоа ќе имаат можност, а тоа е при избори – изјави Ковачевски, додавајќи дека целата комуникација преку социјалните мрежи е платена и за тоа има достапни податоци.

Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) објави дека во последните 100 дена за спонзорирани постови на социјалните мрежи, профилот на премиерот Димитар Ковачевски потрошил 26.000 евра, а за нивни објави владиниот Пи-Ар тим работи во две смени.