ТРЕНЧЕВСКА : НАША ЗАЕДНИЧКА ОДГОВОРНОСТ Е ДА СОЗДАДЕМЕ УСЛОВИ ЗА КВАЛИТЕТН ЖИВЕЕЊЕ НА СИТЕ НАШИ ГРАЃАНИ

0
334

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, народниот правобранител, Насер Зибери, претседателот на Комисијата за спречување и дискриминација, Исмаил Камбери, Амбасадорот на Обединетото Кралство во РСМ, Метју Лосон и извршната директорка на ЦУП, Неда Малеска Сачмароска се обратија на конференцијата „Дали Република Северна Македонија е фер земја? – Како институциите заеднички да ја унапредат борбата против дискриминацијата“. Конференцијата е во организација на Центарот за управување со промени и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација со поддршката на Британската амбасада во Скопје.

Тренчевска во своето обраќање ја истакна важноста на Националната стратегија за еднаквост и недискриминација 2022-2026 година и Акцискиот план 2022-2024 година. Таа дополни дека воспоставено е и Национално координативно тело за еднаквост и недискриминација.

„Работиме и на Закон за спречување и заштита од вознемирување на работно место кој што претставува инструмент за континуирано справување со сите облици на дискриминација по било која основа. Формирана е независна комисија за спречување од дискриминација како еден од механизмите од овој закон согласно меѓународните стандарди“ рече Тренчевска.
Министерката истакна дека Владата на Република Северна Македонија и Министерството за труд и социјална политика ќе продолжи и во иднина да се бори против социјалната исклученост и дискриминација.