НИНО ТОДОРОВ : ПРОБЛЕМОТ СО ЕГЗОДУС НА ЛЕКАРИТЕ Е ГЛОБАЛЕН, ТИЕ ОД МАКЕДОНИЈА ИДАТ ВО СЛОВЕНИЈА, АВСТРИЈА И ГЕРМАНИЈА, ОД ГЕРМАНИЈА ОДАТ ВО ШВАЈЦАРИЈА А ПОТОА ОД ТАМУ ОДАТ ВО АМЕРИКА

0
533
  • Околу егзодусот на лекарите, имаме уште поголем проблем. Знаете зошто?! Кај се селат лекарите?! Идат во Германија?! Зошто?! Не може да образуваат доволно лекари?! Не! И од Германија се селат лекарите. Има една тенденција на миграција која се случува. Нашите лекари идат во Словенија, Австрија или во Германија, лекарите во Словенија идат исто така во Германија а тие од Германија идат во Швајцарија а тие од Швајцарија па идат во Америка.

    Ниту една од овие земји не може да плати плата на лекар колку што може да им плати друга држава. Германија не може да им плати на лекарите толку колку што ги плаќа лекарите Швајцарија а имаат многу лесно говорно подрачје каде немаат потреба од изучување на јазик и немаат никаква јазична бариера и лекарот се сели во Швајцарија за неколку пати повисока плата. Трошоците се повисоки но повисоката плата ги покрива трошоците.

    Иако е Словенија за нас некаков сон за лекарите каде подобро функционираат ама каде се словенските доктори, па тие исто бегаат. Значи ова е еден сериозен проблем на ниво на свет каде нивото на плата на примање се надополнува и на хроничниот недостаток на здравствен кадар предизвикан од еден друг феномен а тоа е стареење на населението. Населението во светот прво се зголемува, потоа старее, што постаро население толку повеќе од здравствени работници.

Никола Тодоров за егзодусот на медицински кадар од државата во ,,Инфомакс”.