НИКСА : НЕ ЗНАМ КАКО МОЖЕ НЕКОЈ ДА СЕ ГОРДЕЕ СО КРИМИНАЛНАТА НАБАВКА ВО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ И СО ЃУБРЕТО ОД АВТОБУСИ НА КОЦЕ

0
2126
Не знам како би можел некој да се гордее со криминална набавка што го осакати јавниот превоз во Скопје, па уште и да се задева како да е убеден во исправноста на својата страна. Не сме заборавиле Коце, а немој ни ти:
1. Нашите автобуси се МАН – автобуси на годината 2016. Вашите се непостоечки бренд, правени во кинеска фабрика што не постоеше пред набавката и се затвори после неа.
2. Нашите се набавени со градски пари, вашите беа набавени со владини (зашто мораа да бидат двокатни)
3. Вашите се број еден загадувач во сообраќајот во Скопје, нашите не загадуваат речиси воопшто.
4. Вашите се набавени криминално, вашите директори се обвинети за корупција баш за оваа зделка, затоа и депото на ЈСП не може да ги собере запалените и хаварисани автобуси што не можат да се поправат.
Фејсбук статус на Никола Наумовски.