НИКОЛОСКИ : ОСТРИОТ НАСТАП ВО ЈАВНОСТА НА МИНИСТЕРОТ ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ ДОВЕДЕ ДО РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО ВОЗАЧКИТЕ ДОЗВОЛИ СОЗДАДЕН ОД НЕСПОСОБНОСТА НА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ, СДСМ И ДУИ

0
132

„Ситуацијата е срамна и понижувачка, граѓаните пред се тука би рекол етничките Македонци се втор пат понижени. Прв пат беа понижени кога се промени името на државата со срамниот Преспански договор во јуни месец 2018-та година, а сега се втор пат понижени кога треба да ги менуваат основните лични документи како би можеле да комуницираат во земјата и во странство. Така што сега ги гледаме плодовите на Преспанскиот договор кои ништо добро не донесоа за Македонија, туку донесоа многу лоши работи и гледаме дека обврските кои ги презема со Преспанскиот договор Владата на Заев а ги продолжи Димитар Ковачевски, фикс во двете е Али Ахмети очигледно се далек, далеку по лоши од тогаш што се споменуваше во јавност“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вчерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.

Тој ја потсети јавноста дека не случајно уште од тогаш жестоко го критикувал договорот и каде јавно го обзнанувал член по член додека тој договор се криеше од јавноста.

„Дел луѓе тогаш веруваа, дел не веруваа постоеше една еуфорија околу Зоран Заев дека работите се решаваат и ќе одат на подобро, но и многу мина поверуваа. Не случајно референдумот за промена на името не успеа иако власта тврди дека било спротивното факт е дека немаше цензус и остана дома, тоа беше јасен факт дека се против Преспанскиот договор но неговите последици и отровни плодови ги гледаме сега ова е врвот на понижување. Јас не знам за втор пример во цивилизирана држава да и се наметнува на држава да промени име и при тоа да граѓаните доброволно молат да ги менуваат документите кои се нивни лични, личната карта не случајно се вика лична карта, возачката дозвола и пасошот како три основни документи што покажуваат дека одреден човек е жител на демократска држава“, вели Николоски.

Тој истакна дека перцепцијата на граѓаните за неспособноста на СДСМ, ДУИ и Оливер Спасовски е апсолутно точна.

„Кај народот деновиве перцепцијата е дека суштината за неспособност на СДСМ и ДУИ и на Оливер Спасовски како министер за внатрешни работи и тоа е апсолутно точно. Вториот проблем е зошто ние се доведовме како народ и како држава да гледаме дека Оливер Спасовски, СДСМ и ДУИ се неспособни а тоа е затоа што истите потпишаа договор дека ќе ги отвори портите на рајот а во суштина ги отвори  портите на мизеријата“, кажа Николоски.

Тој потенцираше дека ваква епска неспособност, ваква неможност за планирање, само говори за ниските капацитети.

„Овие не биле во можност да направат план за следниот период, од друга страна сториле дузина кривични дела со тоа што користеле обрасци кои сега се неупотребливи, ги изложуваат граѓаните на дополнителни трошоци затоа што некој извадил пасош, лична карта или возачка пред година дена кој сега не му важат иако важноста е 10 – 20 години во зависност од документот и заради сето ова ние денеска објавивме дека ќе поднесеме кривична пријава до надлежното ЈО до скорешниот министер за внатрешни работи, до МВР со цел да одговараат за злоупотреба на средства, злоупотреба на службена положба и овластување од причина што свесно ги довеле граѓаните во двојни трошоци, но и во заблуда“, изјави Николоски.

Тој продолжи и додаде дека ова понижување кое деновиве се гледа и им се случува на македонските граѓани е последица на катастрофален, исклучително лош договор кој се потпиша за промена на името на Македонија.

„Неспособноста на Оливер Спасовски, СДСМ и ДУИ да организираат процес на реализација на обврската која ја презеле затоа што покажаа тотална неспособност ги натераа луѓето да мрзнат на минус 5, минус 10 степени да чекаат за да можат да се сликаат за пасош па потоа во истите колони за да можат да го земат пасошот и според она кое го имаме како бројки поголем дел од населението сеуште нема пасоши, најголем дел од населението за среќа нема лични карти заради тоа што ВМРО-ДПМНЕ го блокираше законот бар за личните карти во домашна употреба да нема проблем и најголем дел од населението немаат возачки дозволи можеби 95%, еве по интервенција на ВМРО-ДПМНЕ тој проблем денеска се реши и се промени Законот во Собрание“, дециден е Николоски.

Тој заклучи дека остриот настап во јавноста на министерот Панче Тошковски ги отворил очите на јавноста дека проблемот со личните документи може да се реши. Според Николоски проблемите еден по еден сега почнуваат да се решаваат.