НИКОЛОСКИ : БЛАГОДАРЕНИЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ГРАЃАНИТЕ ЌЕ МОЖЕ ДА ГЛАСААТ СО ДОКУМЕНТИ СО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ЦРНАТА КАМПАЊА НА СДС НЕМА ДА ИМ ПОМОГНЕ ОД ПРЕДАВНИЦИ НЕ БИВА КОМИТИ И ПАТРИОТИ

0
175

Ние разговараме за измените на изборниот законик добри 6 месеци, измените ги разговараа два тима, од ВМРО-ДПМНЕ и од власта, затоа што измените мораа да бидат со консензус и во таа насока овие измени беа готови во октомври. Власта ги блокираше од за нив познати причини, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при посетата на Виена одговарајќи на новинарски прашања, при што посочи дека благодарение на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните со документи со Република Македонија ќе може да гласаат на изборите.

Добро е дека измените на изборниот законик поминаа и дека сите луѓе кои имаат пасош со Република Македонија ќе може да гласаат на изборите, како сите кои имаат лична карта со Република Македонија или лична карта истечена од август минатата година односно истечени до 9 месеци, ќе може да гласаат, благодарение на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која ги иницираше измените на Изборниот законик, потенцираше Николоски.

Во врска со старите слики и лажните вести од СДС за средби со Ковачев, Николоски вели дека ниедна црна кампања нема да им успее, затоа што од предавници не бива комити и патриоти.

– Луѓето кои ја  избришаа и згазија Македонија, кои сменија име, знаме, потпишаа договор со кој практично признаваат дека Македонците не постоеле и се Бугари сега глумат патриотизам и тоа е слично на она кога Миле Зечевиќ на коњ јаваше во Крушево и се обидуваше да биде комита и патриот. Од предавници, комити и патриоти не бива и таа улога на СДСМ не му личи. На следниве парламентарни и претседателски  избори ќе го видат тоа и ќе бидат прегазени, изјави Николоски.