НА ЃОРЃЕ ДАВИД ПРИВРЕМЕНО МУ Е ОДЗЕМЕН ПАСОШОТ И МОРА ДА СЕ ЈАВУВА ВО СУД

0
355

На српскиот пејач Ѓорџе Николиќ, познат како Ѓорѓе Давид привремено му е одземен пасошот поради сообраќајката во која тој беше директен учесник, а во која загина 49-годишна кумановка.

„По предлог на Основното јавно обвинителство Куманово на странскиот државјанин кој учествуваше во тешката сообраќајна несреќа кај Табановце му се определени мерки на претпазливост – привремено одземање на патна и друга исправа (лична карта и возачка дозвола) за преминување на државната граница и обврска да се јавува во Судот“ информираат од Обвинителството.

Несреќата се случила завчера, 20 јануари, околу 20 часот, најверојатно поради густа магла, а во несреќата учествувале три автомобили.

Во тоа време Ѓорѓе Давид се враќал од Гевгелија каде имал деловни обврски.