НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ ВМРОВЦИ МАСОВНО ШИРАТ ЛАГИ ЗА НАВОДНО АПСЕЊЕ НА 87 ЛУЃЕ ЗА БАДНИК ПОРАДИ КОВИД, МВР ДЕМАНТИРА

0
397

Никакво масовно апсење на над 80 лица не се случило на православниот празник Бадник, тврдат за Плусинфо од МВР откако на социјалните мрежи деновиве се прошири информација за наводно апсење на луѓе кои во 2020 година не го испочитувале полицискиот час поради ковид-19.Извори од МВР за Плусинфо ги негираат информациите кои се шират по социјалните мрежи, притоа додаваат дека доколку имало такво нешто медиумите ќе биле известени за тоа.

– Овие информации се шпекулации, а но претпоставуваме дека станува збор за изолиран случај. Доколку од нас било побарано да спроведеме некого до казнено-поправна установа тогаш сме го сториле, но во толку голем број и тоа во еден ден, не е возможно. За да се организира така голема акција пред сѐ потребни се големи подготовки, како и голем број на припадници на МВР сето тоа да го спроведат. Но и вие знаете дека во билтените кои се испраќаат до медиумите по споменатиот период, но и до денес немало така голема акција за приведување на лица за отслужување затворска казна – ни изјави портпаролот на МВР Тони Ангеловски.Инаку извесна Нена Гелев на Фејсбук групата Правни искуства-правни проблеми има објава во која прашува дали и кога ќе има амнестија за луѓето кои се казнети или затворени поради тоа што го прекршиле полицискиот час за време на пандемијата.

– За жал на ден Бадник 06.01.2023, приведени се 87 лица, зборуваме за мажи и жени, кои веќе две недели се некои во Шутка, а некои во Идризово. Тие треба да платат 2.000 евра за да бидат пуштени или да бидат 3 месеци во затвор. Почитувани, ве молам за помош за сите и за мојот сопруг. Се зборува за амнестија, но каде е, толку ли е тешко, денеска се збори, утре се изгласува законот за амнестија и толку. Ве молам да си помогнеме едни на други, бидејќи на секој може да му се случи ова. Еве јас плаќам казна која ми ја намалија од 2.000 на 500 евра, но тие во затвор немаат кревет, ќебе, отворени се соби кои никогаш не биле користени за да ги сместат – пишува Гелев во еден од коментарите.