НА МИЛЕНКО МУ СЕ ЗАКАНУВА ЗАТВОР ОД ЕДНА ДО ПЕТ ГОДИНИ

0
2066

Koментарите со говор на омраза кон трагедијата во Грција од лажни профили: женски имиња со профилни слики со бебиња или имиња на антички богови со сонцето од Вергина на профил, се ботови кои имаат задача да сеат и промовираат говор на омраза во виртуелниот свет.

Но, говорот на омраза на Миленко е чист како солза. Негов е, од негов профил, неговата бучук глава на слика, негов стил на огавно пишување(просерување).
И наместо да се обидуваме да го разбереме, за ваквите како него го повикуваме членот 394 од кривичниот законик:

“Говорот на омраза е кривично дело во Република Македонија.
Тој што преку компјутерски систем во јавноста шири расистички и ксенофобичен пишан материјал, слика или друга репрезентација на идеја или теорија која помага, промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз основа на пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, други видови уверувања…., ќе се казни со затвор од една до пет години.”

Инаку тоа е оној ист Миленко кој својата кариера на гад ја започна во времето на Груевски и кој говорот на омраза во Мк го подигна до статус на официјален.
Време е да почне Миленко да им објаснува на
обвинителите што сака да каже во неговите постови.

Фејсбук статус на Филип Ѓошески