(ВИДЕО) СПАСОВСКИ И ЈАКИМОВСКИ НА ЗАЕДНИЧКИ ПРЕС ПО ПОВОД РЕНОВИРАЊЕТО НА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ВО КАРПОШ

0
922

Министерот Спасовски во посета на 71-иот реконструиран објект на МВР – Единицата за внатрешни работи Карпош

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го посети 71-иот реконструиран објект на Министерството за внатрешни работи – ЕВР Карпош, каде заедно со дел од раководството и градоначалникот на Општина Карпош, Стефчо Јакимовски извршија увид во реализираните санациско-реконструкциски работи на овој објект во состав на Секторот за внатрешни работи Скопје. Процесот на реновирање е во рамки на планот за драстично подобрување на материјално-техничките и инфраструктурни капацитети на условите за работа на полициските службеници во полициските одделенија и сектори низ територијата на целата држава.

„Ќе потенцирам дека инфраструктурата на било која институција, пред се во поглед на нејзината материјална и техничка опременост и стандардизираност, е суштински предуслов за нејзино ефикасносно и квалитетно работење. Динамично тргнавме во процесот на надминување на претходните, негативни состојби на овој план со јасно одредена цел – да воспоставиме модерни инфраструктурни стандарди на функционирање како на полициските службеници така и на нивните средства за работа, на објектите и на нивната опременост.“, истакна министерот Спасовски.

Спасовски констатираше дека во полициската станица Карпош сите планирани градежни и градежно-занатски работи се извршени навремено и квалитетно за чија што реконструкција и санација беа издвоени 21 милион денари средства од буџетот на министерството.

„Генерално, во рамки на овие активности во континуитет отпочнати уште во 2017 година, стигнавме до бројка од над седумдесетина санирани или реконструирани полициски објекти на Министерството за внатрешни работи и продолжуваме и годинава со градежно-рекоструктивни активности и на други објекти и тоа : во Центарот за обука Идризово, Одделот за граѓански работи во МРТВ и изградбата на нова полициска станица ,,Аеродром“ при СВР Скопје.“, нагласи министерот Спасовски.

Спасовски уште еднаш потенцираше дека раководството на МВР останува целосно посветено на зацртаните плански проекции за севкупно подобрување на стандардите за работа и функционирање на организационите единици при Министерството за внатрешни работи на нивно унапредување на материјално техничките услови за работа преку повеќе процеси на реновирање на голем број објекти на МВР, обезбедување на опрема за припадниците на МВР како и подобрување на финансискиот аспект на вработените , со што се креира опремена и задоволна полиција -сервис на граѓаните.