НА КОМАНДИРОТ ОД ПС РОПОТОВО ШТО ПУКАШЕ СО РАФАЛНИ ИСТРЕЛИ ВО ДЕБРЕШТЕ МУ СЕ ЗАКАНУВА ЗАТВОР ОД 5 ГОДИНИ

0
1418

Како на филмско платно, акционен филм приредил полициски командир на семејна прослава во село Дебреште кој вчера беше приведен бидејќи е снимен како пука со калашников. Министерството за внатрешни работи ја прошири истрагата и приведени се уште двајца полициски службеници кои пукале со огнено оружје во прилепско.

ИДЕНТИФИКУВАНИ СЕ УШТЕ НЕКОЛКУ ЛИЦА КОИ СЕ ПРИДРУЖИЛЕ ВО ОГНЕНАТА ПРОСЛАВА. ОД МВР ИНФОРМИРААТ ЗА ПОВЕЌЕ ИЗВРШЕНИ ПРЕТРЕСИ.

Триесетгодишниот командир и колегите полицајци се осомничени за криничното дело „предизвикување општа опасност“. Според Кривичниот законик тој што со општоопасно дејствие или средство ќе предизвика значителна опасност за животот или телото, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години. Ако делото е сторено на место каде што се собрани поголем број луѓе, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години.

Ова не е првпат полицајци да пукаат во воздух.

Ваков сличен случај во билтените на МВР имаше и пред три години. Тогаш полицаец се веселел пред кафеана во Крива Паланка. Дел од униформираните полициски службеници како службено оружје имаат и автоматски пушки или пиштоли, но нивната употреба е строго регулирана и дозволена исклучиво во полициски операции, активности, тренинзи и вежби.

Според Законот за оружје строго е забрането поседување и употреба на автоматско оружје, а цивили немаат никаква можност легално да поседуваат автоматски пушки и калашникови. За прекршување на законот се предвидени строги затворски казни.