ЕВЕ КОЈ РЕЖИМСКИ АНАЛЕН ИСЦЕДОК ВО АПЕЛАЦИЈА СО ДРЕПКА Е “СЛУЧАЕН ИЗБОР” : ЕКСПРАТЕНИЧКА НА ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ГО ВОДИ СОВЕТОТ НА УПРАВНИОТ СУД ЗА ТУЖБИТЕ

0
1745

Управниот суд со жрепка ги избра петтемина судии што на јавна седница ќе одлучуваат по тужбите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ за одлуките што Државната изборна комисија (ДИК) ги донесе по приговорите за текот на гласањето на изборните на 11 декември, пренесува „Мета“.

Претседател на петчелниот совет е судијката и заменик-претседател на Управниот суд, Весна Јовановска, а членови се судиите Бурим Сејдини, Анета Џигерова, Ѓоко Живковски и Драгослав Радичевски, соопштија денеска од Управниот суд.

Првите две сесии на петчлениот совет на Управниот суд се закажани за вечерва, во 18 часот, односно во 18.30 часот, а на нив, како што стои во соопштенијата од судот, ќе се одлучува по две тужби на СДСМ.

Инаку, заменик-претседателката на Управниот суд, а сега и претседателка на советот што ќе одлучува по тужбите од политичките партии, Весна Јовановска, за судијка во Управниот суд е избрана во 2011 година. Како што може да се види од нејзината биографија на официјалната веб-страница на Управниот суд, пред да биде избрана на оваа функција таа немала судска практика, односно не работела како судија. Како дел од нејзината биографија е наведен пратеничкиот мандат во Собранието на Република Македонија, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во периодот од 1998 до 2002 година.

Од СДСМ, како што соопштија вчера од партијата, до Управниот суд поднеле четири тужби по одлуките на Државната изборна комисија, која ги одби сите приговори на опозициската партија, вкупно шест (СДСМ првично поднесе осум приговори, но во меѓувреме, додека траеше нивното разгледување, партијата повлече два).

ВМРО-ДПМНЕ, пак, како што информираа од партијата, поднела тужба до Управниот суд поради решението на Државната изборна комисија со кое се уважи приговорот на Беса и се поништи гласањето на едно избирачко место во општина Гостивар, каде што друго лице се потпишало на местото на Фатиме Сулејмани, што беше констатирано и од официјален графолог.

Од Беса информираа дека нема да поднесат тужби до Управниот суд, бидејќи, како што беше кажано од партијата, не веруваат во независноста на овој суд.