НАЈМАЛКУ 15 ЛИЦА ЗАГИНАА ВО ЕКСПЛОЗИЈА НА ИЛЕГАЛНА РАФИНЕРИЈА ЗА НАФТА ВО НИГЕРИЈА

0
332

Најмалку 15 лица загинаа во експлозија во илегална нафтена рафинерија во округот Емохуа, во Нигерија.

Меѓу жртвите има бремена жена, жители и членови на локалната група за заштита на животната средина, пренесува Ројтерс.

Според агенцијата, бројот на жртвите најверојатно ќе се зголеми бидејќи многу тела изгореле, а десетици се повредени.

Од полицијата потврдија дека имало инцидент, но не соопштуваат детали.
Експлозиите во локалните рафинерии се вообичаени во Нигерија богата со нафта, а операторите често ги избегнуваат регулаторите лоцирајќи ги рафинериите во оддалечените области.Работниците во таквите објекти ретко ги следат безбедносните процедури, што доведува до чести инциденти, вклучувајќи го и пожарот во државата Имо минатата година во кој загинаа повеќе од 100 луѓе.Кражбата на нафта е исто така честа појава во земјата, а од јануари 2021 година до февруари 2022 година, Нигерија изгубила сурова нафта во вредност од три милијарди долари поради кражба.