Наумовски : Успеавме! Собрани се потребните 15 илјади евра за операција на малиот Ангел во Истанбул!

0
877
Успеавме! Собрани се потребните 15 илјади евра за операција на малиот Ангел во Истанбул. На 20-ти јануари семејството патува за Турција. Денеска во мојот кабинет ги испратив со желба Ангел побрзо да оздрави и да се видиме штом се вратат.
Донирав симболична сума од мојата плата. Помогнавме и со еднократна парична помош. Јас како градоначалник и општина Ѓорче Петров и понатаму ќе излегуваме во пресрет на наши сограѓани кои имаат потреба од помош.

Голема благодарност до компаниите и граѓаните кои се одзваа на апелите и донираа за Ангел. Повторно покажавме општествена одговорност и хуманост.