МУЦУНСКИ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ МОДЕРНИЗИРА НОВА СЕНЗОРНА СОБА И КАБИНЕТ НА ИНФОРМАТИКА ВО УЧИЛИШТЕТО ,,АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ”

0
102

👨‍💻 ✅ Основното училиште „Александар Македонски“ доби нова сензорна соба и кабинет за информатика.

Инвестициите во образованието се важен дел од градењето на иднината на заедницата. Денеска, на мое задоволство, заедно со претседателот на Советот на Општина Аеродром Дејан Митески, официјално ги пуштивме во употреба новата сензорна соба и кабинетот за информатика наменет за учениците од основното училиште „Александар Македонски“.

Станува збор за инвестиција која е донација од општествено одговорни компании, со чија поддршка го правиме образовниот процес достапен за дечињата со попреченост, а компјутерската технологија ја доближуваме до учениците. Благодарност до приватните компании, просветните работници и сите оние кои даваат свој придонес за модерно и квалитетно образование во Аеродром.

Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски.