МЛАДО МОМЧЕ ПРОБОДЕНО СО НОЖ : ГРУПНА ТЕПАЧКА ВО ТАФТАЛИЏЕ!

0
1872

Тепачка меѓу петмина учесници се случила вчера околу пладне во скопската населба Тафталиџе, а во неа 30-годишен скопјанец е повреден со нож, соопшти МВР. „На 28.11.2022 околу 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на улицата „Лондонска” во Скопје настанала физичка пресметка помеѓу три лица, од една страна, и Д.Ј.(30) од Скопје и уште едно лице, од друга страна. При пресметката бил употребен и остар предмет, од кој со повреди се здобил Д.Ј., кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза” за укажување лекарска помош“, се вели во полициското соопштение. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.