МЛАДИОТ НИКОЛЧЕ МИСКОСКИ ВЧЕРА ОСТВАРИ СРЕДБА СО ЖИТЕЛИТЕ НА С.ПОДВИС, СЛУШАШЕ И РАЗГОВАРАШЕ ЗА НИВНИТЕ ПРОБЛЕМИ СО КОИ СЕ СООЧУВААТ

0
649
Вчера имав средба со жителите на с. Подвис со кои разговаравме за прашањата кои ги засегаат и проблемите со кои се соочуваат. Им понудив конкретен план со решенија за нивните барања.

Владата предводена од СДСМ води грижа за развој на сите региони со цел граѓаните без разлика дали живеат на село или во град да имаат подобри услови за живот. Тоа, меѓу другото, го докажа и со реконструкција на патот Кривогаштани-Подвис, Подвис-Житоше кој не беше реконструиран повеќе од две децении, на што жителите на Подвис ми укажаа дека се бескрајно благодарни.

Им дадов збор дека токму таква, еднаква грижа за сите е мојата цел и затоа ја побарав нивната доверба.

Тука нема да застанеме во никој случај. Учеството на жителите во управувањето со општината нема да се сведе само на гласање еднаш на 4 години, туку преку комуникацијата со градоначалникот и пријава на иницијативи ќе се изгради
вистински партнерски однос.

Кривогаштани ќе биде отворена општина.

Фејсбк статус на кандидатот за градоначалник на Општина Кривогаштани, Николче Мискоски.