МИЦКОСКИ : ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ Е МНОГУ ЗНАЧАЕН ДЕН, ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ, ДА СЕ СПЛОТИМЕ КАКО НАРОД И КАКО НАЦИЈА

0
90

Прес-конференција на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитувани,

Ќе ми дозволите да го честитам на сите православни христијани овој голем ден, значаен дел, Христовото Воскресение. И да им посакам хармонија, спокој, ним и на нивните семејства.

Истото сакам да го посакам на сите граѓани во Македонија, насекаде во светот без разлика на верската припадност.

За нас православните христијани Христовото Воскресение е многу значаен ден и во име на тоа дозволете денеска да уживаме во мирот, во спокојот.

И да се обединиме, да се сплотиме бидејќи како народ и како нација тоа ни е потребно во деновите, месеците, и годините кои што следат.