ЈАВНОСТА ВО ШОК, СЕ ЈАВИ И ЏЕС БЕЈЛИ: Куртонот Чилиманов, инаку вработен во државната МИА повика американска новинарка да биде силувана во Скопје!

0
2366

Откако објавата на новинарот Цветин Чилиманов привлече внимание на социјалните мрежи поради повиците за насилство кон негова колешка од странство, Македонската информативна агенција, за која известува тој, се огради од неговите ставови. Во допис до медиумите додаваат и дека ќе бидат преземени сите законски мерки.

„Македонската информативна агенција во целост се оградува од твитот објавен на социјалната мрежа Твитер, на нашиот вработен Цветин Чилиманов. МИА во рамки на своите надлежности ќе ги преземе сите мерки за утврдување на фактичката состојба и зачувување на угледот на Агенцијата, во согласност со законските прописи“ – соопшти МИА.

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, пак најостро го осуди твитот на Цветин Чилиманов упатен кон дописничката на Фајненшл Тајмс, Валери Хопкинс, која го покриваше референдумот во Македонија.

„Заканувачкиот твит на Цветин Чилиманов кон Валери Хопкинс е срамен и неприфатлив. Сите закани кон новинари, особено повиците за насилство кон жени новинарки се неодговорни. Чилиманов мора веднаш да го отстрани твитот“ напиша Харлем Дезир на Твитер.

Спорниот твит на Чилиманов е порака до таксистите, во која се споменува култниот лик од македонската кинематографија, чичко Кумплунг. Ова јавноста го протолкува како отворен повик за насилство кон новинарката Валери Хопкинс, која напиша:

„Таксист бојкотирач во Скопје: Бугарија мисли дека нашиот јазик не постои, Србија одбива да ни ја признае црквата, Грците го блокираат нашето име и имаме проблеми со Албанците. Ние немаме проблем, сите останати имаат.“

Кон низата осуди на сметка на твитот на Чилиманов се надоврза и актерот Јовица Михајловски, кој го толкува ликот на чичко Кумплуг во филмот „Самоуништување“. Тој меѓу другото го потсетува зошто судбината овој лик била трагична.

„Овој Цветин, што го бербати ликот и делото на чичко Кумплунг, да го потсетам дека Кумплунг заврши во инвалидска количка, токму заради сторените дела на кои сега повикува ангажираниот Чилиманов. Го охрабрувам, тој и сите што го делат неговиот став, до крај да ја споделат судбината на ликот Кумплунг и да завршат на ист начин“ – напиша актерот на фејсбук.

До овој момент изостана реакција од надлежните институции, кои по допрен глас можат да гонат поради говор на омраза како кривично дело.

За потсетување, Цветин Чилиманов како новинар во МИА беше дописник од Вашингтон, но за време на политичката криза стана синоним за партиски мегафон, при тоа честопати гостувајќи по дебатните емисии, како аналитичар, при тоа споделувајќи и бранејќи ставови на иста линија со ставовите на ВМРО- ДПМНЕ.

Реагираше и Џес Бејли: