МИЦКОСКИ : СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ СЕ РЕФЕРЕНДУМСКА ОДЛУКА, ДА ПОБЕДИМЕ СО 61 ПРАТЕНИК ЗА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

0
318

Следните избори се референдумска одлука, да победиме со 61 пратеник за реформи, за проекти и трансформација и просперитетна Македонија, порача од Битола претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

  • Денеска сме во Битола како резултат на теренската акција која ја спроведуваме низ Македонија, разговаравме со многу групи на битолчани, со здравствени работници, со луѓе од РЕК Битола со енергетичарите, разговаравме што не чини и што е важно во програмата на ВМРО-ДПМНЕ да се најде за дел од овие работи да бидат коригирани. Ние одбравме да чекориме тешко, но одбравме да чекориме пат кој нема да биде срамен. Следните избори се референдумска одлука, да победиме со 61 пратеник за реформи, за проекти и трансформација и просперитетна Македонија, објави на Фејсбук Мицкоски.