МИЦКОСКИ САКА ДА ГИ УНИШТИ МАЛИТЕ ПАРТИИ, САКА ВО ЗЕМЈАВА ДА ИМА САМО 4 ГОЛЕМИ ПАРТИИ: ПРЕДЛАГА НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ПРАТЕНИЦИ

0
1150

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предлага намалување на бројот на пратеници во Собранието од 120 на 90, како што е во Словенија.

-Овој гломазен систем од 120 пратеници е преголем, тој делува премногу фрустрирачки за граѓаните, преголеми се трошоците, преголема е и акумулираната моќ. Со намалување на бројот на пратеници на 90, ќе се намали и бројот на привелигирани пратеници. Ние сме и за воведување на една изборна единица, бидејќи имаше и други политички партии кои го поддржуваат тој концепт. Подготвени сме за овој концепт – рече Мицкоски на 360 Степени.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е отворена да разговара за тоа колкав треба да биде изборниот праг при евентуално воведување една изборна единица.

Со ова барање на Мицковски, тој практично сака да го качи прагот за влегување во парламент од сегашните 8000 гласови по изборна единица на над 12 000 по изборна единица, па за да некоја мала партија сака да влезе во парламент ќе и биде потешко дури и да се изгласа една изборна единица.

Практично Мицкоски сака да ги уништои малите партии и да останат само 4 големи партии во земјава.