МИЦКОСКИ ПРЕДЛОЖИ ВЛАДА СО 20 НАМЕСТО ДОСЕГАШНИТЕ 16 МИНИСТЕРСТВА

0
144

ВМРО-ДПМНЕ ги предложи во Собранието по скратена постапка измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа, со коишто ќе се прави нова реорганизација на владата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на прес-конференција во Собранието, ги повика сите пратеници да ги поддржат измените, најавувајќи дека седницата е планирано да се одржи во петок, а тие да бидат изгласани во понеделник.

– Ветивме функционална и правна држава, ефикасна Влада што ќе спроведе реформи. Суштината на огромната доверба од граѓаните е политиките кои што треба идната влада да ги спроведе за да има владеење на правото, да нема граѓани од втор ред, да се зајакне економијата, учениците да имаат учебници на почетокот на годината, во здравството да има услови, за земјоделците субвенции и се она што сме ветувале во програмата. За се ова да се спроведе е потребно да се донесат измените и реорганизација на ресорите на Владата, изјави Мицкоски.

Со ваквие измени, како што рече Мицкоски ќе добиеме ефикасност, осовременување на владата и да го подобриме животот на граѓаните.

Прашан дали разговарале за поддршка од од 80 пратеници, со оглед дека законот се носи со двотретинско мнозинство, Мицкоски рече дека не би сакал да влегува во дневна политика.

– Очекувам поддршка од сите парламентарни групи кои се дел од овој собраниски состав. Претпоставките да ги оставиме настрана. Не сме наивни политичари да веруваме во случајности, во политиката ретко има случајности, изјави Мицкоски.

Со најавените измени, новина ќе бидат отворањето на Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, што досега било само сектор во Министерството за економија, и трансформација на Агенцијата за млади и спорт во Министерство за спорт. Секторот млади треба да влезе во Министерството за социјална политика, демографија и млади, а ресорот труд да влезе во Министерството за економија и труд, а оттаму да се издвои туризмот и да биде дел од Министерството за култура. Министерството за информатичко општество и администрација треба да стане Министерство за дигитална трансформација.

За да се донесат измените на овој закон потребно е двотретинско мнозинство или 80 пратеници, а според сегашната математика, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ (58) со Вреди (14) и ЗНАМ (6) заедно имаат 78 пратеници.

Во распределбата на министерските позиции, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, како победничка на парламентарните избори, добива најмногу – 13 ресори. На нејзино конто одат клучните места поврзани со безбедноста и надворешната политика – Министерството за внатрешни работи.24 фотелји ќе бидат потребни за седниците на новата влада чие составување се ближи кон финиш. Главното место ќе биде за идниот премиер. Во 20 фотелји ќе седнат новите министри кои ќе предводат конкретен ресор. Трите преостанати места се за министрите кои ќе немаат ресор. Така ќе изгледа првата влада на Христијан Мицкоски – со 20 министри со ресор и тројца без ресор.

Прашан за коментар за писмото што сè уште актуелниот министер за правда во техничката влада, Кренар Лога, го испратил до официјален до Брисел, Вашингтон и до дел од странските амбасади во земјава и во кое изразува загриженост дека реформите што ВМРО-ДПМНЕ ги најави уште пред изборите во својата програма ќе значат упад во правосудниот систем на државата.

„Ќе направиме упад кај малкумина партизирани обвинители и судии кои, за жал, влијаат негативно врз оние обвинители и судии кои си ја вршат работата согласно закон и устав. Г. Лога, но и другите од претходната власт имаа можност речиси седум години да го реформираат и обвинителскиот и судскиот систем и наместо досегашните катастрофални два, три, четири, пет проценти доверба да го направат барем двоцифрен тој процент. За жал, тие не успеаја“ изјави Мицкоски.Како што посочи, за спроведување на оваа реформа ја имаат поддршката на повеќе од 600 илјади граѓани кои гласале за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на неодамнешните избори.