МИЦКОСКИ ОД КАВАДАРЦИ : ГИ ПОВИКУВАМ ПРАТЕНИЦИТЕ ДА СТАВАТ КРАЈ НА ГОЛГОТАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ И ДА СЕ ПОДДРЖИ ЗАКОНОТ ВО СОБРАНИЕТО СО КОЈ ШТО ЌЕ СЕ ПРОДОЛЖИ ВАЖНОСТА НА ЛИЧНИТЕ КАРТИ И ПАСОШИТЕ

0
188

При денешната посета на општина Кавадарци претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за коментар за состојбата со недостатокот на пасошите истакна дека поради лошите политики на СДСМ и ДУИ граѓаните се затвореници во сопствената држава а единствен начин да се стави крај на тоа е да се поддржи иницијативата законот во собранието со кој што ќе се продолжи важноста на личните документи, личните карти и пасошите.

„Што се однесува до кризата која што ја наметна владата на СДСМ и ДУИ со своите кадри во министерството за внатрешни работи изминативе години а тоа е во издавањето на патните исправи или пасошите, ние коментираме повеќе од месец дена наназад јас лично кажав дека неодговорниот однос незнаењето би рекол бахатоста која што ја имаат раководните кадри на СДСМ и ДУИ во МВР работењето исклучиво да се прави притисок врз ВМРО-ДПМНЕ мене лично, луѓето околу мене, а да не се работи за државата и тоа кое што е потребно за граѓаните доведе да се случи ова што се случува.

Многу едноставна работа не е во прашање политика во прашање е физика и математика вие во овој момент имате повеќе од милион граѓани кои што треба да извадат нови патни исправи или пасоши, околу милион и 100 илјади, имате две машини кои што работат од 7 до 10 часа на ден секој од нив има капацитет 120 патни исправи, како сакате во идеални услови да работат да нема никаков испад да нема никаков дефект да има навремено обезбедено обрасци вам ви се потребни повеќе од две години за да биде потребата задоволена.

Вистинското прашање е зошто ова се случи и кој е тој виновникот кој што ги доведе граѓаните во оваа подредена положба а и Македонија во подредена положба. Видовте на навремената акција на министерот на МВР, техничкиот Панче Тошковски во парламентот пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа измени во законот за возачките дозволи и фала му на бога се донесе тој закон во експресна процедура и барем возачите во Македонија нема да плаќаат казни затоа што некој ги остави на цедило затоа што на време не обезбеди да тие можат да ги заменат возачките дозволи.

Уште еднаш голема благодарност и до техничкиот министер Панче Тошковски но и до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и останатите во македонскиот парламент кои што ја подржаа иницијативата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и се донесе оваа измена со која што практично се продолжи рокот на важење на возачките дозволи. Истовремено апелирам до пратениците без разлика од која политичка партија доаѓаат да ја поддржат иницијативата на пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ и истото тоа да го направат и за личните карти и за пасошите.

Еве беше Талат Џафери во Брисел, помина, се гоштеваше, газеше црвени теписи таму и се врати назад, нема резултат. Тоа може да се случи само во македонскиот парламент. Ги повикувам пратениците да стават крај на голготата на македонските граѓани да не бидеме затвореници и притвореници поради лошите политики не државните политики, а националните политики на владата на СДСМ и ДУИ и да не бидеме притвореници во овие 26 илјади квадратни километри.

Има единствен начин да се стави крај на тоа, а тоа е да се поддржи законот со кој што ќе се продолжи важноста на личните документи личните карти и пасошите“ нагласи Мицкоски.