МИЦКОСКИ : НАПАДОТ ВРЗ ДУИ НИКОГАШ НЕ Е НАПАД ВРЗ АЛБАНЦИТЕ, ТУКУ НАПАД ВРЗ КРИМИНАЛОТ КОЈ ТИЕ ГО ПРЕТСТАВУВААТ И ЗАСТАПУВААТ

0
146

Овие избори ќе бидат историски важни и клучни не само да се поправат работи и Македонија да се спаси од погрешниот пат и бездна кон која е тргната, туку и се и шанса за да се испрати порака на оние кои со децении ја разграбуваат Македонија. ДУИ се политичкиот фактор кој освен тоа што СДСМ го потчини и од таа некогаш голема партија направи ситна играчка во своите раце, туку својот криминал го вгради во секоја една институција и направи дуизација поточно криминализација на државата. Тие Демократската унија за интеграција дваесет години се провлекуваат при промена на секоја власт, и иако се учесник во секоја една афера и криминален случај, нема ниту еден човек од нивната структура кој некогаш одговарал пред словото на законот, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на изборна единица 1 на денешната промоција на листите.

И секогаш кога ќе ги кажете работите онакви какви што се, продолжи Мицкоски, тие ќе започнат да зборуваат за етнички теми и да обвинуваат дека некој има нешто против Албанците ако ги нападне овие криминалците од ДУИ.

„Јас како човек немам ништо против ниту еден народ, но имам против тоа да се краде Македонија и упропастува бездушно.  Затоа што и Албанците во Македонија се заложници на криминалот на ДУИ и затоа што и тие подеднакво живеат тешко исто како што тешко живеат и Македонците, и Србите, и Турците, и Ромите, и Бошњаците, и Власите и сите останати граѓани во Македонија. Тоа што ДУИ беше зелена партија, а сега се големи европејци покажува дека тие имаат десетина лица, но едно лице никогаш не го менуваат, тоа е лицето кое што стално носат со себе, тоа е лицето на криминалот. И за тој криминал мора да одговараат и да има правда за секого. Јас сум свесен дека Али Ахмети и тие малкумина околу него, точно знаат што правеа овие повеќе од 20 години. Свесен сум дека тоа што не им појде од рака со пушка, сакаат сега од внатре, од институциите да го сторат. Нивната цел е една, а тоа е да ја опљачкаат, уништат, понижат и засрамат Македонија. Да ги понижат оние кои ја бранеа Македонија“, кажа Мицкоски.

Мицкокси укажа дека ова се избори кога да се спротивставиме на тоа.

„На овие избори народот мора да излезе масовно и да гласа. Најпрвин ќе ги пратиме во опозиција, а потоа јас ви гарантирам и ви давам збор ќе одговараат за секоја солза, за секоја пролеана солза на мајка, баба, сестра, за чедото кое ја напуштило Македонија затоа што се чувствувале граѓани од втор ред, затоа што некој им ја украл иднината. И ако некој има дилема и мисли дека се шалам од оваа Конвенција од овде ќе им кажам исто како што до сега, што би рекол еден наскоро поранешен политичар одевме до крај подготвен сум и овој пат да одам до крај. Од една страна ДУИ криминалците, од друга страна ВМРО Коалицијата и народот. Ќе одиме до крај. Се додека и последниот не одговара“, порача Мицкоски.

Мицкоски заклучи дека нападот врз ДУИ никогаш не е напад врз Албанците, туку напад врз криминалот кој тие го преставуваат и застапуваат.